Роналдо го уценува Реал: 80 милиони евра годишно или заминувам!

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, испорачал енормни барања за зголемување на годишната плата до претседателот Флорентино Перез, со порака дека ќе си замине доколку не му бидат исполнети. Тој сака 80 милиони евра годишна плата, открива шпанскиот весник „El Confidencial“. Тоа е речиси трипати поголема плата од сегашната за Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Агентот на Роналдо, познатиот Жорге Мендеш, имал средба со Флорентино Перез и му објаснил дека барањето за зголемување на платата е всушност испровоцирано од новиот договор на Лионел Меси, кој во Барселона ќе заработува 100 милиони евра годишно. Согласно ова, треба да биде зголемена и платата на Роналдо, кој инаку има актуелен договор со клубот до 2021 година.

По ова, се појасно е дека Роналдо најверојатно ќе си замине од Реал Мадрид ова лето. Во опција како следни дестинации за се Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен.

Се вчитува...