Роналдо и „бјанконерите“ останаа без сон во Валенсија

Италијанскиот првак Јувентус вечерва гостува на „Месталја“ и ќе ги одмери силите со Валенсија на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо и соиграчите останаа без сон, откако мала, но организирана група навивачи на шпанскиот тим намерно правеле врева пред хотелот на „бјанконерите“. Покрај скандирања, навивачите употребиле и пиротехника.

Ова се случувало во раните утрински часови, а морала да интервенира и полицијата за да ја расчисти ситуацијата. Дополнително е отворена истрага за да бидат пронајдени сите виновници.

 

 

Се вчитува...