Роналдо и Георгина очекуваат девојче, откри инструкторот по салса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и неговата девојка Георгина Родригез, очекуваат девојче. Ова го откри инструкторот по салса, кој и ги покажува тајните на танцот на Георгина, која се наоѓа во блажена состојба.

„Се надевам дека девојчето кое ќе го имаш, ќе танцува уште подобро од тебе“, напиша инструкторот по салса на фотографијата на Георгина на Инстраграм. Овој коментар многу брзо беше избришан, но светските медиуми веќе дознаа дека Роналдо и Георгина ќе добијат девојче.

По Светското првенство во Русија идната година, Португалецот планира и голема свадба со својата девојка, а за вереничкиот прстен одвоил 232.000 фунти.

Се вчитува...