Роналдо и компанија го решија и СПАЛ

Фудбалерите на Јувентус ја запишаа и 19-та победа сезонава во Серија А, славејќи на гостувањето против СПАЛ со 1-2.

„Црно-белите“ имаа предност од 0-2, со головите на Роналдо во 39. минута и Рамзи во 60. минута. Домашните единствено успеаја преку Петања во 69. минута да го ублажат поразот.

Јувентус со овој триумф се зацврсти на чело на табелата со 60 бода, четири повеќе од второпласираниот Лацио кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...