Роналдо и Роберто Карлос купуваат клуб во Бразил

Две бразилски фудбалски легенди, Роналдо и Роберто Карлос, ги здружија силите надвор од терените за да станат сопственици на тим од нивната татковина кој има 100-годишна традиција.

Поранешните фудбалери се дел од групата инвеститори во која е саудискиот принц Абдула бин Саад бин Абдулазиз Ал Сауд, која сака да купи 80 отсто од акциите на бразилскиот тим Интер де Лимиера.

Станува збор за тим кој има 100-годишна традиција, а моментно се натпреварува во третата бразилска лига.

Планот на новите сопственици е да инвестираат 75 милиони евра во наредните десет години во модернизација на инфраструктурата, во развој на младите таленти со цел враќање на клубот во првата бразилска лига.

Интер де Лимиера е формиран во 1912 година, а најголемиот успех го имаше во 1986 година кога триумфира во шампионатот Паулиста притоа во финалето победувајќи го Палмеирас.

 

Се вчитува...