Роналдо, иако позитивен, ќе може да игра против Барселона!?

И покрај информацијата дека еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, и по десет дена се уште е позитивен на коронавирусот, сепак од Јувентус не се откажуваат од намерата Португалецот да биде подготвен за големото дерби во Лигата на шампионите против Барселона.

Од Јувентус веруваат дека Роналдо ќе може да настапи на дуелот против Барселона на 28. октомври, а за тоа се очекува позитивна потврда од УЕФА. Јувентус веќе достави до Европската куќа на фудбалот комплетна документација за здравствената состојба на Роналдо во која се наведува дека тој во ниту еден момент нема влошување на состојбата, па дури ни покачена температура, што го прави целосно асимптоматски случај.

Од Јувентус побараа до УЕФА, и се очекува да добијат дозвола, да може да се направи корона-тест на 24 часа пред почетокот на мечот со Барселона и доколку тој е негативен, Кристијано Роналдо да се најде во составот за големата пресметка против Лионел Меси и каталонскиот тим.

Се вчитува...