Роналдо: Им докажав на сите дека не сум некој кој „продава магла“

Иако многумина беа скептични околу тоа како Кристијано Роналдо ќе се адаптира на италијанскиот фудбал, тој лесно докажа дека е фудбалер буквално за секоја лига, освојувајќи ги и Премиерлигата, и Ла Лига и Серија А.

Роналдо сега вели дека е среќен што успеал да докаже дека не е фудбалер кој „продава магла“…

„Прва работа која ја правам кога доаѓам во нов клуб е да бидам тоа што сум. Мојата работна етика е секогаш иста“ – вели Португалецот и продолжува:

„Во Јувентус совршено се вклопив. Сите сега видоа дека не сум некој го продава магла. Во животот секогаш сум се трудел да бидам скромен. Така е и во фудбалот. Секогаш мора да бидете свесен дека не знаете баш се. Ако си паметен ќе знаеш дека ситниците те прават подобар спортист“.

Но, иако го освои Скудетото, Кристијано Роналдо не може да биде комплетно задоволен од актуелната сезоната затоа што на Јувентус не успеа да му ја донесе толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Се вчитува...