Роналдо има машина од НАСА што го одржува во топ-форма (видео)

Кристијано Роналдо неодамна изјави дека се чувствува физички моќен како да има 20 години, лекарските прегледи во Јувентус покажаа дека тој е неверојатно подготвен, далеку над просекот за неговата возраст, но тоа не е нималку чудно ако се земе во предвид колку Кристијано се грижи за своето здравје.

Поточно, тој пред неколку години платил два милиони долари за изум на НАСА, кој се користи за подготовки на американските астронаути, а истата апаратура сега ја користат и неколку врвни спортисти ширум светот, еден од нив е и Ронало.

Машината има провидна „церада“ во која спортистот влегува и истата се затвара, па пумпа воздух за оној кој е внатре да добие чувство дека лебди, а тежината во тие моменти му се смалува за дури 70%. Таа се користи за различни видови на тренинг, но и за вежби за побрза рехабилитација од повреди.

Јасно е, Кристијано ќе ја донесе со себе и во својот нов дом во Торино, а погледнете како всушност функционира овој изум на НАСА…

Се вчитува...