Роналдо: Имам убави спомени и од ПСВ и од Интер

Бразилецот Роналдо остави голем печат и во ПСВ Ајндховен и во Интер, а овие два клуба вечерва во Холандија ќе се сретнат во голем дуел од групата Б во Лигата на шампионите. „Војната“ почна на Твитер, а двата клуба објавуваа голови од периодот кога Роналдо го носел нивниот дрес.

Голгетерот се најде во небрано, па мораше да каже дека има убави спомени од двата клуба. И, сепак, не откри за кого ќе навива…

„Ве молам, престанете! Имам прекрасни спомени од двата клуба. Среќно“, им порача Роналдо.

 

Се вчитува...