Роналдо: Искрено размислував да одам во Арсенал

Роналдо пред да заврши во Манчестер јунајтед, во 2003 година бил на прагот на Арсенал, открива самиот Португалец. Во редовите на „топчиите“ силно го посакувал Арсен Венгер и тоа во период кога за овој тим настапуваат и Тјери Анри, Роберт Пирес, Денис Бергкамп…

„Се сретнав со Венгер и искрено размислував да одам во Арсенал. Имаше тогаш преговори и со Валенсија, Реал, Интер а ме сакаше и Барселона. Се на крајот се промени по само еден натпревар против Манчестер јунајтед. Преговорите се интензивираа и на крај заминав во Манчестер“ – вели Роналдо.

Се вчитува...