Роналдo ја донира „златната топка“ за помош на болните деца

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека има големо срце. Ѕвездата на Реал Мадрид ја донира „златната топка“ што ја освои во 2013 година на фондацијата „Make A Wich“ за помош на болните деца. Репликата на наградата што ја прими Роналдо во 2013 година, продадена е на лондонската аукција за 600.000 евра.

Португалецот таа година ја прекина четиригодишната доминација на Лионел Меси и ја прими наградата за најдобар фудбалер во светот пред Меси и Рибери.

Покрај Кристијано Роналдо, на хуманитарната акција за помош на болните деца се придружија и Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо кои донираа 30.000 евра. На аукцијата беа собрани над три милиони евра што е двојно повеќе од тоа што го очекуваа организаторите.

Се вчитува...