Роналдо ја купува куќата на Зидан во Торино (фотогалерија)

Кристијано Роналдо веќе ја почнал потрагата по куќа во Торино, a според последните информации тој сериозно размислува да ја купи куќата во која живеел Зинедин Зидан во периодот во кој неговиот поранешен тренер од Реал настапуваше за Јувентус.

Станува збор за простор од 1.700 квадратни метри со тениско игралиште, базен и огромен двор, куќа сместена во најлуксузниот дел на Торино, во непосредна близина на имотот на претседателот Ањели.

Сериозен интерес постои. Очекуваме Кристијано да дојде за сам да го види имотот, пред да ја донесе конечната одлука“ – изјави Чезаре Фурбато, откривајќи и дека е закажано доаѓањето на Португалецот, без притоа да го обелодени датумот на таа посета.

Зинедин Зидан живееше во оваа куќа додека го носеше дресот на Јувентус во периодот од 1996 до 2001 година, потоа таа беше дом и на Фабио Канаваро, па Роналдо би бил третата фудбалска мегаѕвезда што би живеела во овој луксузен простор.

 

Се вчитува...