Роналдо ја одведе Португалија во финалето на Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Португалија е првиот финалист на Лигата на нации, откако ја совлада Швајцарија на „Драгао’ со 3-1. Херој на мечот беше мегаѕвездата Кристијано Роналдо кој постигна хет – трик и сам ги декласира Швајцарците. Португалија во финалето ќе го очекува подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Англија и Холандија која ќе се одигра утревечер.

Кристијано Роналдо во 25.минута донесе предност за Португалците со одлично изведен слободен удар. Швајцарија израмни во 57.минута од пенал, реализираше Рикардо Родригез.

Сепак, завршницата повторно му припадна на Роналдо. Во 88.минута постигна гол за ново водство, а две минути подоцна и го постави конечниот резултат.

Се вчитува...