Роналдо ја воскресна „старата дама“ во Удине

Јувентус стигна до огромна победа од 1-2 над Удинезе и значајни три бода во трката за место во Лигата на Шампионите во наредната сезона. Најзаслужен е Кристијано Роналдо, кој со два гола во самиот финиш донесе целосен пресврт во меч во кој избраниците на Андреа Пирло се мачеа да ја наметнат сопствената игра.

Удинезе прв поведе во раната фаза од првото полуверме, по што „црно-белите“ умешно ја одржуваа предноста, воедно и промашувајќи неколку убави ситуации за втор гол.

Сепак, класата на Роналдо се покажа пресудна, Португалецот најпрвин погоди од пенал по почетничкото играње со рака на домашниот капитен Де Паул, за Кристијано самиот да го комплетира пресвртот со прецизниот удар со глава по кој и домашниот голман можеше далеку подобро да интервенира.

Јувентус сега се наоѓа на делба на второто место заедно со Аталанта и со Милан, со два бода предност во однос на петтопласираниот Наполи.

Се вчитува...