Роналдо: Како можам да затајувам данок со завршено шесто одделение?!

Португалецот Кристијано Роналдо се најде на обвинителна клупа во Шпанија поради затајување данок во износ од 14,7 милиони евра. Тој се обиде да се оправда дека воопшто не знал за што се работи, но откри сочни детали од приватниот живот. Имено, Роналдо призна дека има завршено само шесто одделение од основното училиште.

„Платив се за 2014 година. Не се разбирам за многу работи надвор од фудбалскиот терен. Како да затајувам данок, ако имам завршено само шесто одделение од основното училиште? Ако луѓето од моето опкружување ми кажат “Крис ОК е, јас им верувам“. Во судницата само го сакам истиот третман како што го имаат и другите луѓе. Ова не ми го правеа во Англија и затоа сакам да се вратам таму“, изјавил Кристијано Роналдо во судот.

 

Се вчитува...