Роналдо: Луѓето се глупави, зборуваат се и сешто

Кристијано Роналдо, кој има тензични односи со навивачите на Атлетико Мадрид, имаше една гестикулација кон нив откако пропушти да осигура победа за Јувентус во завршницата од натпреварот во Лигата на шампионите.

Но, Роналдо не е ниту најмалку задоволен од теоријата на навивачите и новинарите за неговата гестикулација која веднаш беше окарактеризирана како „срамна“.

„Луѓето многу зборуваат, се и сешто. Тоа е се. Глупави се и многу зборуваат“ – рече Роналдо по вчерашниот натпревар со Верона во Серија А, во кој Јувентус славеше со 2-1.

Јувентус е на првото место на табелата во Серија А со 10 освоени бода од првите четири натпревари.

 

Се вчитува...