Роналдо: Манчестер јунајтед не направи ништо за да  победи!

Кристијано Роналдо немаше многу причини за задоволство по синоќешниот пораз на Јувентус од Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Јувентус во средината на второто полувреме постигна убав гол по асистенцијата од Бонучи, но италијанскиот тим на крај загуби со 1-2 со головите примени во последните минути од натпреварот.

Роналдо незадоволен од резултатот, по средбата рече дека Манчестер јунајтед не ја заслужил победата  и дека Јувентус на овиој меч требало да слави сигурна победа.

„Лигата на шампионите е посебно натпреварување каде може да бидете во водство, но не смеете да се опуштите бидејќи се е можно. Доминиравме 90 минути, имавме многу шанси, можевме да постигнеме три или четири гола, но се опуштивме и казнети сме поради тоа. Манчетсер јунајтед не направи ништо за да победи. Не може да зборуваме дури ни за среќа бидејќи треба да ја креирате сопствената, а во во овој случај ние нашата им ја поклонивме“ – рече Роналдо.

Се вчитува...