Роналдо-манија во Торино (фото)

Во Торино денеска е еуфорично – Кристијано Роналдо пристигна во овој град за да потпише договор со Јувентус. „Старата дама“ плати 100 милиони евра за оваа фудбалска мегаѕвезда, а навивачите се еуфорични во ситуација кога „црно-белите“ добиваат адут не само за продолжување на домашната доминација, туку и напад на европскиот врв.

Стотици фанови се појавија пред клупските простории за да го поздрават новиот миленик, по што Кристијано замина на лекарски прегледи, за до крајот на денов и официјално да го потпише договорот со „старата дама“.

Се вчитува...