Роналдо: На сите ќе им покажеме зошто „Олд Трафорд“ е „Театарот на соништата“

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, верува дека „црвените ѓаволи“ ќе го совладаат Атлетико Мадрид на домашен терен и ќе се пласираат во следната фаза од Лигата на шампионите. Во Мадрид, Атлетико и Јунајтед ремизираа 1-1.

Стрелец на единствениот гол во првото полувреме за домашните беше Португалецот Жоао Феликс во седмата минута. Младиот Швеѓанец Еланга го замени Рашфорд во 75. минута, а пет минути подоцна израмни на 1-1.

„Секогаш е убаво чувството да се вратам во Мадрид, еден од ретките градови во светот што можам да ги наречам дома. Убави чувства, одлични играчи и одлична игра, тоа е Лигата на шампионите. Мајка на сите клупски натпреварувања … Сега имаме можност да завршиме се на нашиот стадион, на сите ќе им покажеме зошто Олд Трафорд е познат како ‘Театарот на соништата’. На крајот, сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи. Вашето присуство не прави посилни и заедно одиме напред“, изјави Роналдо.

Реванш дуелот меѓу Јунајтед и Атлетико е закажан за 15 март.

Се вчитува...