Роналдо: Најдобар сум, заслужив повеќе „Златни топки“ од Меси

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо изјави дека заслужил да освои повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси.

„Меси влезе во историјата на фудбалот, но сметам дека јас требаше досега да имам шест, седум или осум „Златни топки“, да имам повеќе од него. Мислам дека го заслужувам тоа. Сигурен сум дека испишав историја за сето тоа што го направив и продолжувам да го правам. Себе се сметам за број еден во историјата, ако некој мисли различно не ми е тоа проблем“, изјави Роналдо.

Португалецот и Аргентинецот по петпати го освојува признанитето за најдобар во светот, а и оваа година ќе бидат во конкуренција за освојување на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

Се вчитува...