Роналдо не дозволи Милан со предност да го чека реваншот од полуфиналето во Купот

Кој друг ако не Кристијано Роналдо? Еден од најдобрите фудбалери во светот не дозволи Милан со предност да го чека реванш дуелот од полуфиналето во Купот на Италија откако во првиот натпревар на „Сан Сиро“ постигна гол од пенал во 91. минута за конечни 1-1.

Во натпреварот во кој се соочија Златан Ибрахимовиќ од една и Кристијано Роналдо од другата страна „миланезите“ до предност дојдоа со голот на Ребиќ во 61. минута…

 

Јувентус во последните 20 минути играше и со фудбалер повеќе, по исклучувањето на Хернандез во 71. минута, и во последните минути од средбата успеа да го искористи тоа. Роналдо од пенал во 91. минута ги постави конечните 1-1.

 


Реванш пресметката во Торино е закажана за 4. март.

Се вчитува...