Роналдо: Не ги сакам споредбите со Меси…

Големо е ривалството помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а ѕвездата на Реал Мадрид, апелираше до медумите да не прават негови споредби со Лионел Меси, додавајќи дека помеѓу нив постои голем респект и се обидуваат да бидат најдобри во своите клубови.

„Кристијано е Кристијано, Меси е Меси. И двајцата сме големи играчи со индивидуални и колективни награди, кои говорат многу за нашите кариери. Не ги сакам споредбите, затоа што јас и Меси сме различни. Тој сака да биде најдобар во својот клуб, јас во којот. Големи противници сме на теренот, но помеѓу нас постои голем респект“ – истакна Роналдо.

Се вчитува...