Роналдо не го сака Кавани како засилување за Реал Мадрид

Во редовите на Реал Мадрид и тоа како сакаат да го слушнат размислувањето и на Кристијано Роналдо пред секоја намисла за ангажман на фудбалер во клубот.

„Зелено светло“ секогаш треба да даде и Роналдо, пренесуваат шпанските медиуми. А, Роналдо не сака во јануарскиот преоден рок „кралевите“ да се засилат со Единсон Кавани, затоа што смета дека Карим Бензема е сосема доволен, и нема потреба од нов напаѓач.

Португалецот во неформален разговор веќе му го соопштил на Зидан и раководството неговото мислење дека Кавани не може многу што плус да донесе за екипата. Иако, медиумите сметаат и дека нова ѕвезда во тимот од рангот на Кавани, сигурно не би била баш добредојдена за најдобриот фудбалер на мадридскиот клуб.

Се вчитува...