Роналдо не планира да се пензионира наскоро

Кристијано Роналдо нема намера наскоро да ја заврши фудбалската кариера. Тој мораше да се дообјаснува откако дел од јавноста доби таков впечаток бидејќи тој зборуваше во интервју за тоа дка може да се замисли и во животот без фудбал. Сепак, Роналдо вели дека и натаму е во полна форма, што го докажува со изданијата оваа сезона, постигнувајќи го и 700. гол во кариерата. Затоа, тој најавува дека уште долго ќе биде дел од овој спорт.

„Годините се само бројка. Не значи дека ако имате 35, 35 или 36 години дека мора да бидете на крајот од кариерата. Со игрите што ги прикажувам, со начинот на кој размислувам за играта, јас сега сум многу позрел. Тоа прави разлика“ – изјави Роналдо.

Роналдо и годинава потворно се најде на скртениот список за Златната топка. И покрај можноста повторно да го добие признанието, Роналдо вели дека е фокусиран на освојување трофеи со клубот, а не на индивидуални признанија.

 

Се вчитува...