Роналдо не знае да прифати пораз – Веднаш го отстрани сребрениот медал, заборавајќи и да се поздрави (ВИДЕО)

Лацио го освои италијанскиот Суперкуп победувајќи го сосема заслужено Јувентус со 3-1, во синоќешниот натпревар кој се играше во Саудиска Арабија.

Јуве за краток период запиша два порази од Лацио, па очигледно сето тоа не помина најдобра баш кај Кристијано Роналдо кој не знае да прифати пораз. На доделувањето на медалите, Португалецот изненади со реакцијата при добивањето на сребреното одликување… Веднаш го отстрани од своите гради покажувајќи дека и не му е баш мило што не е на местото на фудбалерите на Лацио, притоа и заборавајќи да се поздрави со официјалните лица задолжени за доделување на признанијата на финалната церемонија…

 

Се вчитува...