Роналдо: Никогаш не реков дека ќе го напуштам Реал!

Флорентино Перез заврши уште една успешна мисија, убедувајќи го Кристијано Роналдо да го промени својот став по најавите дека Португалецот ќе инсистира на заминување од Реал Мадрид во текот на летово. Сепак, ситуацијата се промени откако претседателот Перез отпатува за Русија за лично да се сретне со најдобриот фудбалер на Реал, по што сега и ставот на Кристијано е сосема поинаков.

Никогаш не сум рекол дека ќе си заминам од Реал Мадрид. Таа вечер коментирав пред соиграчите дека сум повреден за обвиненијата за затајување на данок , бидејќи знам дека сум ги исполнувал своите обврски кон шпанската држава. Потоа од тоа мое разочарување се појавија бројни новинарски написи, но вистината е дека јас ниту еднаш не реков дека ќе заминам од Реал“ – изјави Роналдо за португалските медиуми.

Останува да се види дали по останувањето на најдобриот стрелец Флорентино Перез ќе ги интензивира преговорите за Килијан Мбапе, за уште помоќна напаѓачка линија на Реал во следната сезона.

Се вчитува...