Роналдо: Никогаш не се откажуваме, ни треба време да бидеме подобри

Кристијано Роналдо повторно беше „спасителот“ на Оле Гунар Солскјер, откако постигна два гола во ремито на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Аталанта (2-2).

Португалецот по натпреварот изјави дека тимот покажува карактер со тоа што никогаш не се откажува, но и дека ќе треба време да бидат подобри.

„Беше тежок натпревар, но така е секогаш кога играш во Бергамо. Сепак, верувавме до крај и среќен сум поради тоа. Никогаш не се откажуваме и веруваме во нас, ова е добар резултат. Уште мора да напредуваме. Имаме нов систем и мораме да се прилагодуваме едни на други“, изјави Роналдо. 

Јунајтед е на првото место на табелата со седум бода исто колку што има и второпласираниот Вилјареал, додека Аталанта е трета со пет бода, а Јанг Бојс последен со три бода.

Се вчитува...