Роналдо очекува близнаци, мајката непозната

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо наскоро чека проширување на семејството. Според британските медиуми, 32-годишниот фудбалер на Реал Мадрид очекува близнаци кои на свет ќе му ги донесе сурогат мајка.

„Дејли мејл“ пренесува дека Роналдо ќе добие уште два сина кои наскоро треба да се родат. Според информациите што излегоа во медиумите, близнаците веднаш по раѓањето ќе бидат пренесени во приватнта вила на Роналдо вредна пет милиони фунти.

ronaldo 333

Кристијано сака да го чува својот приватен живот далеку од јавоста, па среќните вести ги подели само со блиските пријатели и со семејството, кое со нетрпение чека да ги запознае близнаците“ – открива непознат извор, близок на семејството.

Португалскиот фудбалер има и седумгодишен син, Кристијано Јуниор, а во јавноста никогаш не беше откриен идентитетот на неговата мајка.

роналдо син2

„Со голема радост ве информирам дека неодмана станав татко на едно момче. Како што е договорено со мајката на детето, мојот син ќе биде само под мое старателство, додека неговата мајка не сека нејзиниот идентитет да биде познат во јавноста. Никакви дополнителни информации на оваа тема нема да бидат достапни во јавноста и барам сите во целост да ја почитуваат мојата и приватноста на моето дете“– објави Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи кога се роди неговиот прв син во 2010 година.

роналдо2

Рооналдо неодамна во јавноста ја претстави својата нова девојка 23-годишната Георгина Родригез.

Се вчитува...