Италијанскиот првак Јувентус ја задржа првата позиција на табелата во Серија А со триумф од 2-1 во судиското продолжение против Џенова чиј член е Горан Пандев. Кристијано Роналдо од пенал, во петтата минута од продолжението, откако самиот се избори за удар од белата точка, донесе победа за „старата дама“, со која шампионот го задржа врвот со бод предност пред Интер. Пандев играше до 68.минута, кога на негово место во игра влезе Гумуш.
Леонардо Бонучи со удар со глава од корнер го доведе Јувентус во водство, а израмни Кристијан Куаме пред крајот на првиот дел.
Лацио убедливо го совлада Торино со 4-0, Рома со играч помалку на гости го победи Удинезе со 0-4, а Илија Несторовски влезе во игра во 55.минута. Фиорентина оствари гостинска победа (1-2) против Сасуоло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА