Роналдо одлучи кој ќе биде новиот напаѓач на Јувентус?

Првата ѕвезда на италијанскиот шампион Јувентус, Кристијано Роналдо го посакува аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди да биде негов соиграч во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус сложува екипа која треба да се бори за освојување на сите трофеи сезонава, а во моментов им недостасува само напаѓач. Маурицио Сари изјави дека нема да смета на Гонзало Игуаин сезонава, Марио Манџукиќ е пред заминување од клубот, а пак по се изгледа трансферот на Ромелу Лукаку ќе пропадне.

Затоа Роналдо побарал од раководството на клубот во Торино да пристиген Мауро Икарди, кој веќе цела година е во конфликт Интер, а и самиот Антониот Конте изјави дека нема да смета на неговите услуги.

 

Се вчитува...