Кристијано Роналдо побарал помош од познатиот психолог Џордан Питерсон. Португалецот неодмана објави слика со Канаѓанецот, но не изнесе детали од средбата, а за истата сега говореше и психологот на емисијата на Пирс Морган.
Тој вели дека Роналдо се соочувал со проблеми во животот и неговите очекувања за иднината, како што се приближува до крајот на кариерата.
„Имаше проблеми во животот пред неколку месеци. Негов пријател му пратил мои снимки, тој ги гледал, а потоа ја прочитал и мојата книга за кој вели дека му помогнала па сакаше да разговараме. Отидов кај него и говоревме два часа. Ми ја покажа и опремата која ја користи за да остане во топ форма. Разговаравме за неговите фирми, во главно што очекува од иднината и пречките со кои се соочува“, изјави Питерсон не откривајќи детали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА