Роналдо почна со тренинзи во Јувентус (ФОТО+ВИДЕО)

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо денеска се приклучи на своите нови соиграчи и го одржа првиот тренинг во дресот на Јувентус. Тој ја „запали“ Италија со трансферот од Реал Мадрид, а беше пречекан срдечно од фудбалерите на „старата дама“.

Тренерот Масимилијано Алегри, сепак, веднаш им ’нареди’ да почнат со активности. По стандардните тестови за физичка издржливост, беше одржан и првиот тренинг. Роналдо и Јувентус дефинитивно ќе бидат во фокусот на Апенините, а и во цела Европа во наредниот период.

Се вчитува...