Португалската фудбалска репрезентација го имаше својот последен тренинг во Оеирас во петокот, а потоа отпатува за Соединетите Американски Држави.
Капитенот на репрезентацијата Кристијано Роналдо се обрати на прес-конференцијата и рече дека се чувствува одлично физички.
„Знаеме дека Светското првенство е секогаш посебно натпреварување, исто како и Европското првенство. Одиме на овој турнир полни со надеж. Физички? Се чувствувам добро. Не ги гледате ли натпреварите? Мислам дека сум во добра форма. Нема изненадување таму“, рече напаѓачот на Ал Наср, за кого ова ќе биде шесто учество на Светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
