Роналдо, после Реал, се сели во Мајами?!

Дејвид Бекам беше дел од претходната генерација „галактикоси“ во Реал Мадрид, а пристигна во својот поранешен клуб како дел од кампањата за својот нов проект, промоција на тимот на Мајами, новата франшиза во МЛС – лигата на САД. Имаше средба и со Кристијано Роналдо, а медиумите тоа веднаш го поврзаа и како можност за следната дестинација на Португалецот, по 2021 година.

Тогаш истекува актуелниот договор на Кристијано Роналдо со Реал Мадрид, а, познавајќи го, тој сигурбно би се нафатил на нов предизвик и на свои 35 години. Тимот на Мајами е можеби и идеална можност за него, да ја продолжи фудбалската кариера, но и да го исполни својот сон, да стане актер. На Флорида би имал идеални услови за такво нешто.

Се вчитува...