Роналдо постави рекорд што тешко некој може да го урне

Кристијано Роналдо додаде уште едно фантастично достигнување во својата богата ризница. Во 2.коло од Купот на конфедерации во Москва, Португалија ја победи Русија со 1-0 и направи голем чекор кон пласман во полуфиналето, а единствениот погодок за Португалците го постигна Роналдо.

Гереиро нафрли, а Роналдо со глава ја погоди мрежата и постигна нов рекорд. Португалецот е единствен фудбалер кој на осум репрезентативни натпреварувања по ред постигнал барем еден гол. Роналдо има погодоци на европските првенства во 2004, 2008, 2012 и 2016 година, на светските првенства 2006, 2010 и 2014 година и сега на дебито на Купот на конфедерации.

Португалија со четири бода по првите две кола е многу близу до пласман во полуфиналето и освојување на првото место во групата, особено ако се знае дека европските прваци во последното коло ќе се сретнат со аутсајдерот Нов Зеланд.

Се вчитува...