Роналдо потврди: Добив близнаци, сега се посветувам само на нив!

Ѕвездата на Реал Мадрид и светскиот фудбал, Кристијано Роналдо вчера и самиот потврди дека повторно станал татко.

Долго по медиумите се пишуваше дека Кристијано добил близнаци со непозната девојка, но сега и дефинитивно има потврда од таткото. По синоќешниот пораз од Чиле во Купот на конфедерациите, Роналдо се огласи на својот фејсбук профил каде потврди дека добил близнаци.

„Играв за репрезентацијата со душа и тело иако и дел од мислите постојано ми беа со новородените двајца синови. За жал не успеавме да ја исполниме целта на ова натпреварување, но сигурен сум дека на Португалија ќе и донесеме уште многу радости во иднина. Сепак, среќен сум што конечно малку ќе може да се посветам на синовите“ – објави Роналдо, кој покрај близнаците има уште еден син, седумгодишниот Кристијано јуниор.

Се вчитува...