Роналдо призна дека Сари бил во право кога го заменил на последните два натпревара

Кристијано Роналдо призна дека тренерот Маурицио Сари бил во право кога го заменил на двете последни средби потврдувајќи ги и тврдењата на италијанскиот стручњак дека не е во најдобра форма.

Португалецот го прекина молкот за наводната кавга со Сари отфрлајќи ги тврдењата за расправија со тренерот.

„Во последните три  седмици бев лимитиран поради повредата и не играв најдобро. Ниту еден фудбалер не сака да биде заменет, но овојпат Сари беше во право, затоа што играв повреден. Едноставно не бев 100% фит“, изјави Кристијано Роналдо.

Се вчитува...