Роналдо продава се што има, во Шпанија не се враќа ниту како турист

Кристијано Роналдо мина блескави години во дресот на Реал Мадрид, но Португалецот нема намера да се враќа назад во Шпанија ниту како турист, бесен на хајката на обвинителството против него и случајот за затајување на данок. Кристијано на крајот се согласи да плати 19 милиони евра за да мине само со условна казна од две години затвори, но јасно е дека егото на фудбалската мегаѕвезда е погодено.

Токму поради тоа Роналдо почнал да распродава се што поседува во Шпанија, со јасна порака што поскоро да биде завршено бидејќи повеќе не сака да се враќа ниту на еден ден во оваа земја. Тој веќе ја продал својата ексклузивна вила во Мадрид за цена од 5,5 милиони евра, а ги финишира и преговорите за продажба на луксузниот хотел во шпанскиот главен град купен пред неколку години. Цената на овој хотел изнесува 20 милиони евра.

Португалецот од понеделник ќе почне со тренинзи со Јувентус, но нема да настапи за „старата дама“ на натпреварите од американската турнеја, вклучувајќи го тука и дуелот со неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.

Се вчитува...