Роналдо решил да се жени…

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, решил да се ожени со својата нова девојка, Џорџина Родригез, открива португалскиот медиум „Корејо ди мања“. Информацијата се темели на близок извор од неговото семејство. Свадбената церемонија треба да се одржи во летото 2018 година, а Роналдо посакува да има уште едно дете.

Џорџина го придружуваше Кристијано Роналдо на доделувањето на „Златната топка“ и е првата девојка со која тој официјално ја претставил во јавноста како своја придружничка по разделбата со Русинката Ирина Шаик.

„Корејо ди мања„ наведува дека Роналдо за ова добил благослов и од својата мајка, со оглед дека претходно постоеја шпекулации дека таа и беше во најдобри односи со поранешната девојка Ирина Шаик.

Се вчитува...