Роналдо: Се е полесно со Пирло, конечно сме среќни

Јувентус одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Рома во дерби дуелот од второто коло во италијанската Серија А. Двата гола за шампионот на Италија ги постигна Кристијано Роналдо, а неговите зборови и покрај изгубените два бода најдобро говорат за тоа колку е среќен што на клупата на „старата дама“ седи Андреа Пирло.

„На почетокот на сезоната сме. Имаме нов тренер, но екипата е активна и ни оди одлично. Пред Јувентус е одлична иднина, иако Серија А сезонава ќе биде далеку посилна и ќе ни биде многу потешко да стигнеме до титулата. Уште е рано било што да се говори, но екипата е далеку посреќна и конечно работи со насмевка“, порача Роналдо. 

 

Се вчитува...