Роналдо се пофали: Шампион на Италија, Шпанија и Англија…

Кристијано Роналдо не успеа да ја оствари примарната цел поради која беше доведен – да ја освои Лигата на шампионите со Јувентус, но Португалецот како утеха го крена шампионското скудето во италијанското првенство.

Притоа, големиот ас се пофали и на своите големи остварувања во кариерата, потенцирајќи дека е единствениот што успеал да стигне до титули во англиската Премиер-лига, италијанската „Серија А“ и шпанската „Примера дивизион“.

„Првак во Англија, Шпанија и Италија… Најдобар играч во Англија, Шпанија и Италија… Нема граници во достигнувањата кога го живеете својот сон секој нов ден“ – напиша Роналдо на својот твитер-профил.

Кристијано Роналдо сезонава одигра 31 натпревар за Јувентус, постигнувајќи 21 гол, надополнет со 11 асистеции.

Се вчитува...