Роналдо се врати, го освои „Олд Трафорд“, и направи селфи со навивач (ФОТО)

Португалскиот ас Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“, овојпат во дресот на Јувентус, и оствари триумф над Манчестер јунајтед, неговиот некогашен тим. А фановите се уште го сакаат екстремно многу, па тој остана по натпреварот на теренот, за да им се заблагодари за топлиот прием.

Еден навивач се обиде да стигне до Роналдо, но стјуардите го ’уловија’. Тогаш реагираше Роналдо, кој му ја исполни желбата за „селфи“. Го зема мобилниот телефон на среќниот навивач и направи фотка на која тој сигурно ќе се сеќава цел живот…

 

Се вчитува...