Роналдо сфати дека всушност е само еден обичен фудбалер

Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу политиката за трансфери, тој го пропушти вториот натпревар на својот тим, а сега доби јасна порака да ја почитува лигата и земјата или да си замине.

Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот. Легендарниот Португалец во Саудиска Арабија има плата од 200 милиони евра годишно, но дури и по три години нема трофеј.

Сега тојх одбива да игра за Ал Наср. Тој не е задоволен од политиката за трансфери на клубот, веќе пропушти два натпревари и не се знае кога повторно ќе се појави на теренот. Иако навивачите го поддржуваат, Роналдо доби јасна порака од Саудијците. Или играј или ја напушти земјата што ти даваше огромни пари.

Познатиот новинар Валид Ал-Фарај јавно му рече:

„Роналдо треба да знае каде му е местото. Ова е Саудиска Арабија, а не Арабија на Роналдо. Тој е само обичен фудбалер и мислам дека тоа го сфати“, рече Ал-Фарај.

Се вчитува...