Роналдо си оди од Јунајтед – Португалецот веќе има и нов клуб, ќе биде дел од неверојатен „дрим-тим“?!

И понатаму нема мир околу Кристијано Роналдо. Во Франција одеканаа гласини дека е незадоволен во Англија, дека нема да губи време во Јунајтед и дека европската кариера планира да ја заврши во друг клуб. Според овие наводи, Роналдо гледа кон Париз и ПСЖ.

Веќе се’ погласно се најавува доаѓањето на Зидан во клубот на „светците“, а веќе има информации и дека неговиот поранешен тренер би сакал да го има Португалецот во својот тим, да се спои со Меси, па на тој начин би бил и замена за Мбапе.

Точно е дека газдите од Доха прават се за да го донесат Зидан. Покрај платата од 12 милиони евра по сезона, што е уште поважно, тој би добил дозвола да одлучува при создавањето на тимот. Доколку неговата желба е Роналдо, ПСЖ е подготвен да го доведе Португалецот, но не само него. Според најавите од медиумите во Франција, би пристигнале и Дембеле од Барселона, Пол Погба и Френк Кејси.

Со тоа практично би се засилил средниот ред и нападот, Роналдо би играл како централен напаѓач. Во Париз не се задоволни од Покетино, се гледа дека и самиот е несреќен, гледа во Манчестер, сака да оди во Јунајтед, а не успеа да го извлече најдоброто од Меси до овој момент. ПСЖ е убедлив во првенството, но не треба да се заборави дека минатата година ја загуби титулата. Сепак, испаднаа од купот, а како што играат никој не може да каже дека се фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

Се вчитува...