Роналдо стана газда на Валјадолид

Бразилецот Роналдо и официјално стана нов сопственик на шпанскиот клуб Валјадолид. Тој за сума од 30 милиони евра купи 51% од акциите на клубот и во иднина ќе го има главниот збор. Тој ќе биде претседател на Бордот на директори, а на претседателската функција во клубот и понатаму ќе остане Карлоис Суарез.

„Нашата цел ќе биде да го стабилизираме клубот и да го издигнеме на едно многу повисоко ниво. Во наредниот период, ќе посветиме повеќе внимание на евентуалните нови засилувања и се надеваме дека Валјадолид ќе стане еден од позначајните клубови во шпанскиот фудбал“, изјави Роналдо.

Се вчитува...