Роналдо урива рекорди и кога не дава голови

Кристијано Роналдо по единаесет натпревари во серија, вечерва сепак не успеа да ја продолжи голгетерската низа во Лигата на шампионите. Тој упати прецизен волеј во второто полувреме, но голот беше поништен поради играње со рака, сосема оправдано без оглед на поплаките на Португалецот на судиската одлука.

Сепак, Кристијано не би бил она што е ако не урива рекорди дури и кога не постигнува погодоци. Имено, португалскиот ас вечерва испиша историја станувајќи фудбалер со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите.

Денешниот триумф беше вкупно 96. за Роналдо во елитното европско натпреварување, во дресот на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид, со што тој го остави зад себе Икер Касилјас со 95 победи во ЛШ. Зад легендарниот голман на оваа листа се наоѓаат Чави и Иниеста, пред уште една легенда на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко.

Се вчитува...