Роналдо Вебстер: Навивачите нека очекуваат многу изненадувања од мене, Шкендија ќе ја врати титулата во Тетово!

Шкендија денеска официјално го промовираше офанзивецот од Јамајка, 22-годишниот Роналдо Вебстер како свое ново засилување за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Вебстер во Шкендија доаѓа на шестмесечна позајмица, до крајот на сезоната, од штипска Брегалница, но со можност за откуп на неговиот договор во јуни оваа година кога и се очекува да потпише нов тригодишен договор, до јуни 2027 година, со тетовци.

„Се чувствувам навистина задоволно што сум овде. Мотивиран сум и подготвен да дадам се на теренот за овој клуб кој е со богата историја. Навивачите може да очекуваат многу изненадувања од мене во оваа полусезона. Многу голови, многу придонеси за овој тим. Очекувам шампионската титула да се врати во Тетово“ – изјави Вебстер по промоцијата во црвено-црниот дрес.

Се вчитува...