Роналдо вечерва ќе стане бесмртен во Лигата на шампионите

Кристијано Роналдо се наоѓа во првиот тим на Манчестер јунајтед за мечот против Вилјареал во 2. коло во Лигата на шампионите. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња вечерва ќе си обезбеди место меѓу бесмртните кога е во прашање елитното натпреварување.

Ова за него во Лигата на шампионите ќе биде 178 натпревари со кој ќе избие осамен на првата позиција. Зад него ќе го остави легендарниот шпански голман Икер Касилјас кој застана на бројката од 177 натпревари.

 

Се вчитува...