Роналдо веќе има план за иднината: Италијански новинар откри каде Кристијано ќе ја заврши својата кариера

Веќе подолго време се шпекулира дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона. Роналдо пристигна во Јувентус пред три години од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а тоа беше трансфер што малкумина го очекуваа. Португалецот пристигна во Торино за да и помогне на „Старата дама“ конечно да стигне до титулата во Лигата на шампионите, но сепак не успеа.

Јувентус не блескаше во претходните сезони во Лигата на шампионите, а годинава потфрли и во Серија А, па „Старата дама“ остана без Скудето по девет години доминација, па нов шампион оваа сезона е тимот на Интер.

Италијанските медиуми го поврзуват Португалецот со ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но тешко дека ваков трансфер навистина ќе се случи. Италијанскиот новинар Клаудио Раимонди синоќа гостуваше во емисијата „Пресинг“, а една од главните теми беше иднината на Роналдо во Јувентус.

Раимонди изјави дека Роналдо сигурно нема да ја напушти „Старата дама“ ова лето и дека следната сезона ќе ја помине во дресот на Јувентус, а потоа ќе го напушти клубот како слободен фудбалер. Иако Роналдо е поврзан со можно враќање во Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед, овој новинар тврди дека ништо од ова нема да се случи бидејќи еден од најдобрите играчи на светот има јасен план за крај на кариерата.

“Роналдо има идеја што да прави во иднина во однос на кариерата, а информациите што ги откривам се од прва рака. Тој сака да остане во Јувентус до крајот на договорот и потоа да се врати во Спортинг Лисабон. Нема шанси тој на крајот да се врати во Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед бидејќи тоа не е негова желба. Роналдо не размислува да го напушти Јувентус на лето од некои приватни причини, но и од спонзорски обврски”, заклучи Клаудио.

Наводно, Роналдо има голема желба да ја заврши кариерата во Спортинг Лисабон, од каде го започна своето неверојатно фудбалско патување.

Се вчитува...