Роналдо веќе не може да издржи, Португалецот го напушта Јувентус?

На три кола пред крајот на италијанскиот шампионат, тимот на Јувентус се наоѓа во тешка ситуација. Гигантот од Торино и порано остана без титулата шампион, а сега опасно му виси пласманот во Лигата на шампионите. Ваквиот епилог на настаните го активираше алармот дека првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо ќе си замине од „Старата дама“.

По поразот на домашен терен од Милан со 0-3, Јувентус е само петти на табелата. Првите четири клуба ќе се пласираат во Лигата на шампионите, а Јувентус заостанува еден бод зад четвртопласираниот Наполи. Милан и Аталанта имаат три бода повеќе од клубот кој е шампион на Италија во последните девет години.

„Калчомеркато“ објави дека Кристијано Роналдо, најдобриот играч на Јувентус, ќе го напушти клубот доколку не ја освои Лигата на шампионите. Причината е што Јувентус нема да има доволно пари за 36-годишниот Португалец.

Агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш веќе започна да бара нов клуб за португалскиот напаѓач, но проблемот е што во моментов ниту еден клуб не сака да му понуди плата што ја има во Јувентус. Роналдо во Торино заработува околу 30 милиони евра годишно, што е за 22 милиони повеќе од вториот најплатен играч на клубот, Матијас де Лихт. Оваа сезона Роналдо постигна 34 погодоци, од кои 27 во италијанскиот шампионат.

Во последните три кола, Јувентус игра против Сасуоло и Болоња, а на домашен терен ќе го пречека новиот шампион на Италија, Интер.

Се вчитува...